MK/Prabhupada 0153 - Со придонес во литературата, се тестира нечија интелигенција

The printable version is no longer supported and may have rendering errors. Please update your browser bookmarks and please use the default browser print function instead.


Interview with Newsweek -- July 14, 1976, New York

Репортер: Би можеле ли да ги објасните трите функции што ги споменавте- јадење, спиење и секс, и кажете ми што конкретно, кои правила или совети ќе им ги дадете на луѓето кои бараат духовно просветлување за да си помогнат во своите животи на овој начин. Прабхупада: Да. Да, тоа се нашите книги. Тоа се нашите книги. Имаме доволно предмети за да разберете. Тоа не е нешто што ќе го разберете за една минута. Репортер: Разбрав дека спиете многу малку. Спиете три до четири часа ноќе. Дали сметате дека тоа е она што секој човек кој е духовно наклонет, исто така, ќе сфати? Прабхупада: Да, гледаме од однесувањето на Госвамиите. Тие практично немаат никакви материјални потреби. Практично тие немале потреба за јадење, спиење, парење и бранење. Тие едноставно биле ангажирани во служба на Кришна. Репортер: Ангажирани во што? Рамешвара: во служба на Кришна или Божјата служба. Бали-Мардана: Тој го дава примерот на претходните духовни учители. Репортер: Па, она што ме интересира е зошто ... Дали открил дека три до четири часа е доволен временски период за спиење? Бали-Мардана: Со други зборови, зошто ... Таа прашува дали три до четири часа е доволно време за спиење. Како сте стигнале до тој стандард? Прабхупада: Тоа не е вештачки. Колку повеќе се занимавате со духовни активности, толку повеќе ќе станете ослободени од материјалните активности. Тоа е тест. Репортер: И така сте пристигнале во тоа ... Прабхупада: Не, не зборувам за себе, но тоа е тест. Bhaktiḥ pareşānubhavo viraktir anyatra syāt (ШБ 11.2.42). Ако напредувате во бхакти, во духовниот живот, тогаш станувате незаинтересирани за материјалниот живот. Репортер: Дали мислите дека има разлика меѓу различните народи во светот? Со други зборови, дали мислите дека Индијците за разлика од Европејците имаат повеќе тенденција или се со поголема веројатност да се придржуваат кон свесноста за Кришна? Прабхупада: Не, секој интелигентен човек може да стане свесен за Кришна. Јас веќе објаснив дека ако некој не е многу интелигентен, тој не може да стане свесен за Кришна. Отворено е за секого. Но, постојат различни степени на интелигенција. Во Европа, Америка, тие се интелигентни, но нивната интелигенција се користи за материјални цели. А во Индија, нивната интелигенција се користи во духовни цели. Затоа ќе најдете толку многу високо духовен стандард на живот, книги, литература. Исто како Вјасадева. Вјасадева беше исто така оженет, но живеел во шума и погледнете го неговиот придонес во литературата. Никој не може дури ни да сонува за тоа. Со придонесот во литературата се испитува нечија интелигенција. Сите големи, големи луѓе од материјалниот свет, научници, филозофи, дури и техничари, тие се препознаваат по нивните списи, со нивниот придонес, а не со нивното гигантско тело.