MK/Prabhupada 0089 - Кришниниот Сјај е Извор на Се



Lecture on BG 4.24 -- August 4, 1976, New Mayapur (French farm)

Француски бхакта: Што значи кога Кришна вели: „Јас не сум во нив?“

Прабхупад: Ух? „Јас не сум во нив“ бидејќи ти таму не можеш да погледнеш. Кришна е таму, но ти не можеш да Го видиш. Ти не си напреден. Баш како еден друг пример. Еве овде, Сончевата светлина е овде. Секој го има тоа искуство. Но, тоа не значи дека Сонцето е овде. Дали е тоа јасно? Сонцето е овде... Сончевата светлина е овде, значи Сонцето е овде. Но, сепак бидејќи се наоѓате во сончевата светлина, не можете да кажете „Сега го уловив Сонцето“. Сончевата светлина постои во сонцето, но сонцето не е присутно во сончевата светлина. Без сонцето нема сончева светлина. Тоа пак не значи дека сончевата светлост е сонце. Во исто време, можете да кажете дека сончевата светлина значи сонце.

Тоа се нарекува acintya-bhedābheda, во исто време исто и различно. Во сончевата светлина го чувствувате присуството на сонцето, но ако сте во можност да влезете во сончевата топка, тогаш можете да го сретнете и богот на сонцето. Всушност, сончевата светлина ги претставува зраците од телото на личноста која живее на сончевиот глобус/топка. Тоа е објаснето во Брахма самхита „yasya prabhā prabhavato jagad-aṇḍa-koṭi“ (БС 5.40). На сметка на Кришнината...Видовте дека Кришниниот сјај доаѓа. Тоа е извор на се. Тоа ширење на тој сјај е брахмаџоти, а во тој брахмаџоти се создаваат безбројни духовни и материјални планети. На секоја планета постојат различни презентации. Всушност, извор се Кришнините телесни зраци, а извор на телесните зраци е Кришна.