MK/Prabhupada 0129 - Зависете од Кришна - ништо нема да ви недостига



Lecture on SB 7.6.1 -- Vrndavana, December 2, 1975

Кришна вели: man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī māṁ namaskuru (BG 9.34). Ова го проповедаме. Во овој храм сите ги покануваме: „Еве го Кришна. Секогаш мислете на Кришна. Пејте Харе Кришна." Потоа ќе мора да мислите. „Харе Кришна, харе Кришна," значи мислите на Кришна. Само што ќе го слушнете името на Кришна, man-manā. А кој ќе го прави тоа? Mad-bhakta. Сè додека не станете посветеник на Кришна, си го трошите времето: „Кришна, Харе Кришна, Харе Кришна." Тоа значи дека едноставно со пеењето на Харе Кришна мантрата станувате посветеник на Кришна. Man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī. Значи, ова обожување на Кришна... Цел ден сте зафатени со Кришнината мангала арати, со пеење за Кришна, со готвење за Кришна, со делење на Кришниниот прасадам, толку многу начини. Нашите посветеници низ целиот свет - имаме 102 центри - тие се зафатени едноставно со свесноста за Кришна. Тоа е нашата пропаганда, секогаш, немаме друго занимање. Немаме никаков бизнис а трошиме барем два и пол милиони рупии, два и пол милиони рупии секој месец, но Кришна нè снабдува. Teṣāṁ nityābhiyuktānāṁ yoga-kṣemaṁ vahāmy aham (BG 9.22). Ако останете во свесноста за Кришна, потполно зависни од Кришна, тогаш нема да ви недостига ништо. Го започнав ова движење со четириесет рупии. Сега имаме четиристотини милиони рупии. Има ли бизнисмен во светот кој во рок од десет години може од четириесет рупии да направи четиристотини милиони? Нема таков пример. И десет илјади луѓе да јадат прасадам секој ден. Тоа е свесноста за Кришна. Yoga-kṣemaṁ vahāmy aham (BG 9.22). Штом станете свесни за Кришна, едноставно зависни од Него и работите искрено, Кришна ќе ве снабди со сè. Сè. Тоа практично се покажува. На пример, во Бомбај, сега земјата вреди десет милиони рупии. Кога ја купив, јас имав, отприлика, три или четиристотини илјади. Беше потполна шпекулација, но јас бев уверен дека: „Јас ќе можам да платам. Кришна ќе ми даде." Немав пари. Тоа е долга историја. Не би сакал сега да навлегувам. Но сега имам практично искуство, само зависи од Кришна и нема ништо да ти недостига. Што и да сакаш, ќе биде исполнето. Teṣāṁ nityābhiyuktānām. Секогаш биди вклучен во свесноста за Кришна. Тогаш сè ќе ти се исполни, секоја желба, ако ја имаш.