MK/Prabhupada 0141 - Мајката ве снабдува со млеко, а вие ја убивате Мајката



Garden Conversation -- June 14, 1976, Detroit

Џајадвеита: На предавањата на факултетите, Сатсварупа Махараџ и јас често зборуваме за varṇāśrama-dharma. Бидејќи секогаш сакаат да слушнат нешто за индискиот кастински систем, нè прифаќаат на таа основа. А ние потоа зборуваме за varṇāśrama-dharma. Тие немаат никаква идеја како да го поразат тој систем. Секогаш, некој слаб аргумент, но всушност немаат никаков подобар систем.

Прабхупада: Кој е нивниот аргумент?

Џајадвеита: Скоро никаков, имаат некаква идеја, ќе расправаат дека не постои општествена флексибилност бидејќи сите имаат некакво телесно сваќање за кастите према раѓање.

Прабхупада: Не, тоа не е факт.

Џајадвеита: Не.

Прабхупада: Квалификацијата.

Џајадвеита: Кога ќе ја претставиме вистинската идеја, тие се неми, немаат никаков аргумент. Потоа ние го оспоруваме нивниот систем: „Која е намената на вашето општество? Која е целта?" Тие немаат одговор.

Прабхупада: Се додека не постои поделба на активностите ништо не може да се направи совршено добро. Природната поделба веќе постои во телото - главата, рацете, стомакот и нозете. Слично на тоа, во општественото тело мора да постои главата, интелигентната класа на луѓе, брахманите. Тогаш сè ќе се одвива беспрекорно. Во сегашно време нема интелигентна класа на луѓе. Сите се работници, работничка класа на луѓе, четврта класа. Нема прва класа, втора класа. Затоа општеството се наоѓа во хаотична положба. Нема мозок.

Џајадвеита: Нивната единствена примедба, кога ќе предложиме дека постојат: брахмачари, грихаста, ванапраста и санјаса, тие веднаш се непријателски настроени, затоа што сфаќаат дека сме против сетилно уживање.

Прабхупада: Да. Сетилното уживање е својствено за животинската цивилизација. А контрола на сетилата е за човечката цив...Сетилното уживање не е за човечкото општество. Сетилното уживање не е за човечката цивилизација. Не. Тие не го знаат тоа. Нивната главна цел е сетилно уживање. Тоа е грешката. Тие водат животинска цивилизација наместо човечка цивилизација. Тоа е грешката. Сетилното уживање е својствено за животинската цивилизација. И всушност тие се животни. Ако ги убиваат сопствените деца, тоа е животински. Исто како мачките и кучињата, тие ги убиваат сопствените деца. Што е тоа? Тоа е животински. Кој кажуваше дека децата биле оставани во шкафовите за багаж?

Хари-Саури: Шкафови за остатокот од багажот. Тривикрама Махараџ го кажа тоа за Јапонија. Тој рече преку двесте илјади, ох, дваесет илјади бебиња, ги оставаат во шкафовите за останат багаж и ги напуштаат.

Прабхупада: Автобуска станица? Железничка станица? Го оставаат „багажот". Ќе го стават, заклучат и не се враќаат. Потоа кога ќе се рашири лоша миризба... Тоа се случува. Тоа е едноставно животинска цивилизација. Од кога ќе ја земат и последната капка млеко од кравата веднаш ја праќаат во кланица. Така прават. Пред да ја ипсратат во кланица, ќе ја исцедат последната капка млеко од кравата. И веднаш ја убиваат. Вам ви е потребно млеко, користите толку многу млеко, без млеко не можете...Животното од кое што земате млеко се смета за ваша мајка. Тоа го забораваат. Мајката нè снабдува со млеко од своето тело а вие ја убивате мајката? Дали е тоа цивилизирано? Убивање на мајката? А млекото е потребно. Затоа го земате до последната капка. Инаку, каква е користа што го земате млекото до последна капка? Значи има потреба. Тогаш зошто не ја оставите да живее и да дава млеко, потоа може да направите илјадници многу хранливи јадења од млекото? Каква е таа интелигенција? Млекото не е ништо друго туку трансформирана крв. Наместо да ја земате крвта, земете ја трансформацијата и живејте убаво како чесен господин. Не. Тие не се ни господа. Никаквеци, нецивилизирани. Ако сакате да јадете месо, може да убивате некои небитни животни како свињите и кучињата од кои нема корист. Нив јадете ги, ако воопшто мора. Тоа е дозволено, свињите и кучињата може. Бидејќи ниедна класа на господа не јаде месо. Тоа е ниска класа. На нив им било дозволено, „Во ред може да јадеш свиња, śvapaca". Ниската класа на луѓе, тие јаделе свињи и кучиња, Сеуште јадат. Значи ако сакаш месо, можеш да ги убиеш овие небитни животни. Зошто го убивате животното од кое ви е потребна и последната капка млеко? Има ли смисла тоа? Штом го прифатите Кришна...Тој ја уби Путана но и даде положба на мајка. Затоа што Кришна се почувствува задолжен: „Која и да беше намерата на Путана, Јас цицав од неа, значи таа е Мојата мајка." Ние земаме млеко од кравата. Не ли се смета тогаш за мајка? Кој може да живее без млеко? Има ли некој што не пиел млеко? Веднаш, наутро ви треба млеко. А животното, таа ви дава млеко, не ли е мајка? Каде е свеста? Цивилизација на убијци на мајката. И тие сакаат да бидат среќни. Периодично има големи војни и масовно убивање - тоа е реакцијата.