MK/Prabhupada 0225 - Немојте да бидете разочарани, Немојте да бидете збунети



Lecture at Engagement -- Columbus, may 19, 1969

Човечката цивилизација е наменета за сфаќањето на јаството, кој сум јас и делување според тоа. Бхагавад Гита вели, доколку не дојдеме до таа точка на сфаќањето за себеси, што и да правиме или дејствуваме едноставно е пораз или губење време. Во исто време, постои предупредување да не трошиме ниту еден момент од нашиот живот. Ве молам потрудете се да ги сфатите овие ведски упатства, колку се добри. Постоел голем политичар по име Чанакја Пандит. Тој бил премиер на царот Чандрагупта, во времето на владеењето на Александар Велики, во Грција. Тој бил премиер на царот Чандрагупта и дал многу морални и социјални упатства. Во еден од неговите стихови тој вели: āyuṣaḥ kṣaṇa eko 'pi na labhyaḥ svarṇa-koṭibhiḥ. Ајуша, „Од твојот животен век." Да речеме дека си на возраст од 20 години. Денес е 19ти Мај, 4 часот попладне. Ова време 4 часот попладне, 19ти Мај, 1969, отиде. Никогаш не можеш да го вратиш дури и ако си спремен да дадеш милион долари. Обиди се да сфатиш. Слично на тоа, само еден момент од твојот живот изгубен само за сетилно уживање - јадење, спиење, размноужување и бранење - значи дека не ја сфаќаш вредноста на твојот живот. Не можеш да вратиш ниту еден момент од твојот живот плаќајки милиони долари. Само обиди се да сфатиш колку е скапоцен твојот живот. Ова наше движење за свесност за Кришна служи да ги извести луѓето колку е вреден животот и како според тоа да се води. Нашето движење е sarve sukhino bhavantu: сите бидете среќни. Не само човечкото општество, дури и животните. Ние сакаме сите да бидат среќни. Тоа е движењето за свесност за Кришна. И тоа е практично; не е фантазирање. Можеш да бидеш среќен. Не биди разочаран, не биди збунет. Твојот живот има вредност. Во овој живот, можеш да го спознаеш својот вечен живот, вечен блажен живот во знаење. Возможно е; не е невозможно. Ние едноставно ја шириме оваа порака во светот, дека: „Твојот живот е многу скапоцен. Не си го троши како мачките и кучињата. Обиди се да го искористиш во потполност." Тоа е изјава од Бхагавад Гита. Ја издадовме „Бхагавад Гита каква што е." Обидете се да ја прочитате. Во таа Бхагавад Гита во четвртото поглавје е речено anma karma me divyaṁ yo jānāti tattvataḥ: Ако човек се труди да го сфати Кришна, со што Тој се занимава, каков живот води, каде живее, што прави... - џанма карма. Џанма значи појава и исчезнување; карма значи активности; дивјам - транседенција. Janma karma me divyaṁ yo jānāti tattvataḥ. Оној што вистински ги познава појавата и активностите на Кришна, не само сентиментално туку врз научна основа, тогаш резултатот е: tyaktvā dehaṁ punar janma naiti mām eti kaunteya (BG 4.9). Едноставно со спознавањето на Кришна, нема да треба повеќе да се враќаш во оваа бедна положба на материјалното постоење. Ова е факт. Дури и во овој живот, ќе сфатиш, ќе бидеш среќен.