MK/Prabhupada 0249 - Се поставува прашање, зошто војните се водат



Lecture on BG 2.6 -- London, August 6, 1973

Значи, нема сомнение дека Арџуна размислувал дали ќе се бори или не. Кришна тоа го санкционирал и борбата морала да се случи. И токму кога разговаравме, се постави прашањето:„Зошто се случува војната?“ Тоа не е тешко да се разбере, затоа што секој од нас има борбен дух. Дури и децата се борат, мачките и кучињата, птиците, мравките, сите тие се борат. Тоа сме го виделе. И тогаш зошто не и човечките суштества. Тој борбениот дух е присутен. Тоа е еден од симптомите на животните услови. Борба. И кога треба да се случи таа борба? Секако, моментално се борат амбициозни политичари. Но, борбата по Ведската цивилизација, борбата значи dharma-yuddha. На религиозни принципи. Не под влијание на променливи политички идеи, различни ism. На исти начин, како што сега се одвива борба, помеѓу две политички групи, комунисти и капиталисти. Тие се обидуваат да ја избегнат самата борба, но таа борба сепас се случува. Штом Америка ќе се појави некаде, Русија се појавува таму, исто така. Во последната борба, помеѓу Индија и Пакистан, штом Претседателот Никсон ја испратил нивната Седма Флота, на Индискиот Океан, Бенгалскиот залив, скоро пред самата Индија... Тоа е илегално. Но, тоа се многу надуени Американци. И тие ја пратиле 7. Флота, можеби да покажат поддршка за Пакистан. Но, веднаш, нашите Руски пријатели се појавиле таму. И затоа Американците морале да се вратат дома. Инаку, мислам дека Американците би нападнале, во име на Пакистан. И тоа се случува. Борењето не можете да го стопирате. Многу луѓе размислуваат, како да ја стопираат војната. Тоа е бесмислен предлог, тоа не може да биде. Затоа што, борбениот дух е таму во сите. Тоа се симптоми на живите суштества. Дури и децата, кај кои нема политика, нема непријателство и тие се борат 5 мин., а потоа се пак пријатели. И тој борбен дух е присутен. Сега, како да се употреби? Нашето движење за Свесност за Кришна е тука. Ние велиме свесност. Ние не велиме: „Престанете да се борите“ или „Сторете го ова, сторете го тоа, сторете го тоа“, не. Се треба да се стори во Свесноста за Кришна. Тоа е нашата пропаганда. „Nirbandha-kṛṣṇa-sambandhe“. Што и да се стори, мора на некој начин да биде поврзана со Свесноста за Кришна. Ако Кришна е задоволен, тогаш делувај. Тоа е Свесност за Кришна. „Kṛṣṇendriya tṛpti vāñchā tāra nāma prema“ (ЧЧ Ади 4.165). Тоа е љубов. Исто, како кога сакате некого, за доброто на саканиот, можете да сторите се и понекогаш и така делуваме. Слично, истата работа треба да се пренесе кон Кришна. Тоа е се. Обидете се да се едуцирате себеси, како да го сакате Кришна и да делувате само за Кришна. Ова е совршенство на животот. „Sa vai puṁsāṁ paro dharmo yato bhaktir adhokṣaje“ (ШБ 1.2.6). Бхакти значи служба, bhaja-sevāyām. Bhaj-dhātu, се користи со цел за служење, bhaja. И bhaja, во Санскритската граматика, kti-pratyaya, за да се претвори во именка. Ова е глагол. Значи има pratyayas, kti pratyaya, ti pratyaya, многу pratyayas. И bhaj-dhātu kti, еднакво на бхакти. Бхакти значи да се задоволи Кришна, Бхакти не може да се примени на било кој друг. Ако некој каже: „Јас сум голем бхакта, посветеник на Кали, божицата Кали“, тоа не е бхакти, тоа е бизнис. Затоа што, било кој полубог да го обожувате тука секогаш е присутна некоја намера. Воглавном, луѓето постануваат обожаватели на божицата Кали, како би јаделе месо. Тоа е нивната намера. Во Ведската култура, оние кои јадат месо, нив им се советува: „Не јадите месо, купено од кланица или од продавница“. Всушност, овој систем никаде не бил таков за да се одржуваат кланици, било каде. Ова е последен изум. Понекогаш разговараме со Христијански господа и кога ги прашуваме: „Господ Христос вели, ти нема да убиваш, зошто вие убивате?“ тие докажуваат дека: „Христос јадел месо понекогаш“. Понекогаш, Христос јадел месо, тоа е во ред, но дали Христос рекол: „Одржувајте големи, големи кланици и продолжете да јадете месо“. Тоа дури не е ни здраворазумско. Христ можеби јадел. Понекогаш тој...Ако немало ништо друго, достапно за јадење, што може да се прави? Тоа е друго прашање. Во голема немаштија, кога нема друга храна сем да се земе месо... Тоа време доаѓа. Во ова време на Кали југа, постепено храната од житарици ќе се намали. Во дванаестото пеење на Шримад Бхагаватам, тоа е речено. Нема да има ориз, млеко, брашно, ни шеќер. Тоа се ќе исчезне. Луѓето ќе мора да јадат месо. Тоа ќе бидат условите. А можеби и да јадат човечко месо, исто така. Овој грешен живот е толку деградирачки, што тие ќе постанат се повеќе и повеќе грешни. „Tān aham dviṣataḥ krūrān kṣīpāmy ajasram andhe-yoniṣu“ (БГ 16.19). Оние кои се демони, кои се толку грешни, законите на природата ќе ги стават во такви околности, во кои ќе постанат се повеќе и повеќе демони и никогаш нема да можат да сфатат, што е Бог. Тоа е закон на природата/ Ако сакате да го заборавите Бога, тогаш Бог ќе ве стави во такви околности, во кои никогаш не ќе можете да разберете што е Бог. Тоа е демонски живот. Тоа време доаѓа, исто така. Во сегашниот момент, сеуште има неколку луѓе кои се заинтересирани, што е Бог. „Arto arthārtī jijñāsu jñānī“ (ЧЧ Мадја 24.95). Но, доаѓа време кога воопшто нема да има смисла да се развере Бог. Тоа е последниот период од Кали југа и во тоа време Kalkī avatāra, Kalkī avatāra ќе дојде. Во тоа време, нема проповедање на Свесност за Бог, едноставно убивање, само убивање. Kalkī avatāra со Неговиот меч, едноставно се ќе масакрира. И тогаш повторно ќе дојде Сатја - југа. Повторно ќе биде златно време.