MK/Prabhupada 0273 - Арја самана значи личност свесна за Кришна



Lecture on BG 2.7 -- London, August 7, 1973

Тоа е брахмана, да се биде либерален. И ... Etad viditvā prayāti sa brāhmaṇaḥ, еден што знае ... Затоа Прахлада Махараџа вели: durlabham manuṣyaam janma adhruvam arthadam (ШБ 7.6.1). Тој проповедаше меѓу неговите соученици. Тој е роден во демонскo семејство, Хиранјакашипу. И неговите соученици, исто така, од истата категорија. Прахлада Махараџа ги советуваше: „Драги мои браќа, да ја негуваме свесноста за Кришна.“ Другите момчиња, што тие знаат за свесноста за Кришна ...? Прахлада Махараџа е ослободен од самото раѓање. Затоа рекоа: „Што е тоа свесност за Кришна?“ Тие не можеа да разберат. Така тој ги убеди: durlabham manuṣyaḥ janma tad apy adhruvam arthadam. Ова човечко тело е durlabham. Labdhvā sudurlabhaḥ idam bahu sambhānte (ШБ 11.9.29). Оваа човечка форма на телото има голема предност дадена од материјалната природа. Луѓето се толку злобни и будалести. Тие не разбираат што е вредноста на оваа човечка форма на живот. Тие го ангажираат ова тело за задоволување на сетилата како мачките и кучињата. Шастрите велат: „Не, оваа човечка форма на телото не е наменета да се упропасти како кај свињите и кучињата.“ Nāyaṁ deho deha-bhājāṁ nṛ-loke. Секој има тело, материјално тело. Но, нри-локе, во човечкото општество, ова тело не треба да се упропастува. Nāyaṁ deho deha-bhājāṁ nṛ-loke kaṣṭān kāmān arhati viḍ-bhujāṁ ye (ШБ 5.5.1). Оваа човечка форма на живот, едноставно работи бескорисно тешко, дење и ноќе, за задоволување на сетилата. Ова е работа на свиња и куче. Тие го прават истото, цел ден и ноќ, напорно работат за задоволување на сетилата. Затоа, во човечкото општество мора да постои систем на поделба. Тоа се нарекува варнашрама-дхарма. Тоа е ведска цивилизација. Тоа навистина се вика Ārya-samāja. Ārya-samāja не значи да станете неранимајко и будала и да го негирате постоењето на Бог. Не. Тоа е Анарја. Исто како што Кришна го прекорил Арџуна: анарја-јуста. „Ти зборуваш како анарја.“ Оној кој не е свесен за Кришна, тој е анарја. Anārya. Ārya значи кој е напреден во свесноста за Кришна. Вистински Арја-самана значи личност свесна за Кришна. Во спротивно тоа е лажен, лажен ārya-samāna. Бидејќи овде Бхагавад-гита вели, Кришна го прекорува Арџуна, затоа што тој одбивал да се бори, бидејќи не знаел што е неговата должност, повторно Арџуна признава тука дека kārpaṇya-doṣopahata-svabhāvaḥ (БГ 2.7). „Да, јас сум анарја, станав анарја, бидејќи ја заборавив мојата должност.“ Всушност, āryan samāja значи друштво свесно за Кришна. Меѓународно друштво за Кришна ... Тоа е Арја. Не лажен. Тука, Арџуна објаснува, ставајќи се себеси: „Да, карпанја-дошо. Бидејќи ја заборавив мојата должност, па upahata-svabhāvaḥ, збунет сум во моите природни склоности.“ Кшатријата треба да биде секогаш активен. Секогаш кога има војна, има борби, тие мора да бидат многу ентузијастични. Ако еден кшатрија му каже на друг: „Сакам да се борам со тебе,“ тој не може да одбие. „Да, ајде, бори се, земи меч.“ Веднаш: „Ајде.“ Тоа е кшатрија. Сега, тој одбива да се бори. Затоа, тој може да разбере ... Вие може да ја заземете оваа страна, не на почетокот. Тој ја заборава својата должност, должноста на кшатрија. Затоа, тој признава: Да, карпанја-доша. Kārpaṇya-doṣopahata-svabhāvaḥ (БГ 2.7). "Мојата природна должност ја заборавив, затоа станав скржавец, па затоа мојот ..." Кога ќе станете скржавец, тоа е болна состојба. Тогаш, што е твоја должност? Потоа одете кај некој што може ... Исто како кога ќе се разболите, одите на лекар и го прашувате: „Што да правам, господине? Јас сега страдам од оваа болест. „Ова е твоја должност. Слично на тоа, кога сме збунети од нашите должности, или забораваме на нашите должности, многу е добро да одиме кај надмоќната личност и да го прашаме што да праваме. Кој може да биде посупериорна личност од Кришна? Затоа Арџуна вели: pṛcchāmi tvām. „Те прашувам. Бидејќи тоа е моја должност. Јас сега, не ја извршувам мојата должност, грешам. Ова не е добро. Затоа морам да го прашам некој кој е посупериорен од мене.“ Тоа е должност. Tad vijñānārthaam sa gurum eva abhigacchet (МУ 1.2.12). Тоа е Ведска должност. Секој е збунет. Секој страда во овој материјален свет, збунувачки е. Но, тој нема да бара искрен гуру. Не. Тоа е карпанја-доша. Тоа е карпанја-доша. Еве, Арџуна излегува од карпанја-доша. Како? Сега тој го прашува Кришна. Pṛcchāmi tvām. „Драги Кришна, Ти си најсупериорната личност. Тоа го знам. Ти си Кришна. Јас сум збунет. Всушност, јас ја заборавив мојата должност. Затоа, Те прашувам.“