MK/Prabhupada 0277 - Свесност за Кришна Значи да се Има Секаков Вид на Знаење



Lecture on BG 7.2 -- San Francisco, September 11, 1968 Прабхупада:

jñānaṁ te 'haṁ sa-vijñānam
idaṁ vakṣyāmy aśeṣataḥ
yaј jñātvā neha bhūyo 'nyaj
jñātavyam avaśiṣyate
(БГ 7.2)

Ние дискутиравме за овој стих, што е знаење. Знаењето значи како овој универзум работи, што е работна сила, што е енергијата. Исто како научниците, тие бараат различни енергии. Исто како земјата што лебди во бестежинска состојба. Таква огромна маса од материјално тело со толку многу планини, толку многу мориња, океани, облакодери, куќи, градови, градови, држави - лебди како памучно топче во воздухот. Ако некој разбере како лебди, тоа е знаење.

Свесноста за Кришна значи да имате секаков вид на знаење. Не дека ние луѓето свесни за Кришна сме понесени со некои чувства. Не. Имаме филозофија, наука, теологија, етика, морал, сè - сè што е потребно да се знае во човечката форма на живот. Кришна вели "ќе разговарам со сите вас за знаење." Ова е свесноста за Кришна. Свесност за Кришна ... Личноста свесна за Кришна не треба да биде будала. Ако од него се бара да објасни како лебдат овие универзални планети, како ова човечко тело се врти, колку видови на живот има, како тие се еволуираат ... Овие се сите научни сознанија. Физика, ботаника, хемија, астрономија, сè. Затоа Кришна вели, yaj jñātvā, ако го разберете ова знаење, свесноста за Кришна, тогаш ќе немате што да учите. Тоа значи дека ќе имате целосно знаење. Ние копнееме по знаење, но ако знаеме за свесноста за Кришна, ако го знаеме Кришна, тогаш целото знаење е вклучено.

tac-chakti viṣaya vivikta-svarūpa viṣayakam jñānam. Ќе имате целосно познавање за уставната позиција за себе, овој материјален свет, духовниот свет, Бог, нашата меѓусебна поврзаност, време, простор, сè. Има многу работи што треба да се знаат, но главната работа е ... Бог, живите суштества, времето, работата и оваа материјална енергија. Овие пет работи треба да бидат познати. Не можете да негирате дека "Нема Бог." Бог е контролор, врховен контролор. Не можете да кажете дека не сте контролирани. Постои контролор. Исто како во државата, не можете да кажете дека нема контролор. Постои контролор. Во секоја улица, во секоја куќа, постои контрола, владина контрола. Да претпоставиме дека во оваа продавница, тука има владина контрола. Мора да изградиш ваква продавница, не можеш да живееш. Ако е станбена куќа, "Противпожарниот апарат треба да биде вака." Постои контрола. Дури и да шетате по улицата, го возите вашиот автомобил, има контрола: "Одете на десно." Не можете да преминете таму каде што е напишано "Стоп". Мора да запрете.

Во секој поглед, вие сте под контрола. Значи, постои контролор. И врховниот контролор е Кришна. Постои еден контролор над друг контролор. Ако продолжиш да истражуваш кој е крајниот контролор, тогаш ќе го најдеш Кришна. Sarva-kāraṇa-kāraṇam (Бс 5.1). Брахма-самхита потврдува, īşvaraḥ paramaḥ, врховниот контролор е Кришна. Īşvaraḥ paramaḥ kṛṣṇah (Bs 5.1). Ишвара значи контролор. Мораме да научиме од контролорот, како Тој контролира. (шум на деца) Тоа е вознемирувачко. jñānam viijānam te sahitam. Не само да го знаат контролорот, туку да знаат како Тој контролира, колку енергии има контролорот, и како Тој е (оној) кој контролира - тоа е vijñānam. jñānam viijnānam te nate tubhyām prapannāya aṣeṣatah.