MK/Prabhupada 0307 - Не Само да Мисли на Кришна,Туку и да Работи за Кришна, да Чувствува за Кришна



Lecture -- Seattle, October 2, 1968

Прабхупада: Вашиот ум вика: „Да одиме во новоотвореното ISKCON друштво,“ па нозете ве носат овде. Умот... Размислување, чувствување, посакување, тоа се функциите на умот. Така, умот размислува, чувствува и работи. Треба да се поправи умот, не само да мисли на Кришна, туку и да работи за Кришна, да чувствува за Кришна. Тоа е целосна медитација. Тоа се нарекува самадхи. Не може да ви излезе од умот. Мора да го вклучите вашиот ум на таков начин што тој ќе размислува за Кришна, ќе чувствува за Кришна, ќе работи за Кришна. Тоа е целосна медитација.

Млад човек (2): Што правите со вашите очи? Ги затворате очите?

Прабхупада: Да, очите се едно од сетилата. Умот е општото чувство, а под главниот генерал, има одредени комесари или подредени службеници. Така, очите, раката, ногата, јазикот, десетте сетила, тие работат под раководство на умот. Значи умот се изразува, се манифестира преку сетилата. Затоа, освен ако не ги вклучите вашите сетила на ист начин како што вашиот ум размислува, чувствува, нема совршенство. Ќе има вознемирување. Ако твојот ум мисли на Кришна, а твоите очи гледаат нешто друго, ќе има вознемирување или противречност. Затоа, под... Најпрво треба да го поправите својот ум да размислува за Кришна, и тогаш сите други сетила ќе бидат ангажирани во службата на Кришна. Тоа е бхакти.

sarvopādhi-vinirmuktaṁ
tat-paratvena nirmalam
hṛṣīkeṇa hṛṣīkeśa-
sevanaṁ bhaktir ucyate
(ЧЧ Мадја 19.170).

Hṛṣīka, hṛṣīka значи сетила. Кога ќе ги вклучите своите сетила во служба на господарот на сетилата... Кришна се нарекува Хришикеша, или господар на сетилата. Господар на сетилата значи, обидете се да разберете. Исто како оваа рака. Раката работи многу убаво, но ако раката е парализирана или Кришна ја повлекува моќта, тогаш вашата рака е бескорисна. Не можете да го вратите тоа. Затоа, вие не сте господар на вашата рака. Лажно мислите дека „јас сум господар на мојата рака“. Но, всушност, вие не сте господар. Господарот е Кришна. Затоа, кога вашите сетила ќе бидат ангажирани во служба на господарот на сетилата, тоа се нарекува бхакти, посветена служба. Сега сетилата се вклучени по мој избор. Мислам дека „Ова тело е наменето за задоволство на мојата сопруга или моето ова или она“, толку многу работи, „мојата земја, моето општество“. Ова е избор. Но, кога ќе дојдете на духовна платформа, разбирате дека „Јас сум делче од Севишниот; затоа моите активности треба да бидат задоволување на Севишниот.“ Тоа е бхакти. Sarvopādhi-vinirmuktam (ЧЧ Мадја 19.170), ослободен од секаков избор. Кога вашите сетила се прочистени, и кога тие сетила се ангажирани во служба на господарот на сетилата, тоа се нарекува делување во свеста за Кришна. Кое е вашето прашање? Медитацијата, ангажирањето на умот, треба да биде на тој начин. Тогаш ќе биде совршено. Инаку, умот толку трепери и се менува што ако не се поправи во одреден момент... Да се поправи значи... Умот сака да направи нешто затоа што симптоми на умот се размислување, чувствување и посакување. Треба да го тренирате вашиот ум на таков начин што ќе мислите на Кришна, ќе чувствувавате за Кришна, ќе работите за Кришна. Тогаш тоа е самадхи. Тоа е совршена медитација.