MK/Prabhupada 0326 - Бог е Севишен Татко, Севишниот Сопственик, Севишниот Пријател



Lecture on BG 2.13 -- Pittsburgh, September 8, 1972

Сега, како се преселува душата? Да претпоставиме дека после овој живот ќе добијам подобар живот, тоа е убаво. Но, ако добијам полош живот, тогаш каква е состојбата? Да претпоставиме дека следниот живот добивам живот на мачка или куче или крава. Да претпоставиме дека повторно се родивте во Америка. Но, ако го смените вашето тело, тогаш се менуваат сите околности. Како човечко суштество, државата ви дава секаква заштита, но штом ќе станете друго тело, било дрво или животно, третманот е различен. Животното оди во кланица; дрвјата се сечат. Никој не се буни. Ова е условот за материјалниот живот. Некогаш добиваме подобра состојба во животот, некогаш добиваме полоша состојба во животот. Нема гаранција. Тоа ќе зависи од мојата работа. Тоа е практично. И во овој живот, ако се образуваш, тогаш иднината ти е многу убава. Ако не сте образовани, тогаш вашата иднина не е толку светла. Слично, во оваа човечка форма на живот, можеме да најдеме решение за повторното раѓање и умирање. И тоа е единствената работа на човечкиот облик на живот, како да се излезе од овие материјални услови на животот: раѓање, умирање, старост и болест. Можеме да најдеме решение. А тоа решение е свесноста за Кришна. Штом ќе станеме свесни за Кришна... Свесен за Кришна значи Кришна, Севишниот, Тој е Господ, Бог. Ние сме дел од Кришна. Ова е свесност за Кришна. Едноставно да се разбере. Тоа... Исто како што го разбираш татко ти и браќата и себеси. Сите сте синови на таткото. Така што не е тешко да се разбере. Како што таткото го одржува целото семејство, слично, Кришна, Севишниот Господ или Бог, Тој има многу безброј синови, живи суштества и го одржува целото тело, целото семејство. Која е тешкотијата? Потоа следната должност е да станеме развиена свесност. Исто како добар син, кога чувствува дека „Татко има направено толку многу за мене. Морам да се оддолжам или барем да прифатам обврска за тоа што татко ми го направи за мене“. ова чувство се нарекува свесност за Кришна. Значи, за да станеме свесни за Кришна, потребно е да разбереме само три работи:

bhoktāraṁ yajña-tapasāṁ
sarva-loka-maheśvaram
suhṛdaṁ sarva-bhūtānāṁ
jñātvā māṁ śāntim ṛcchati
(БГ 5.29).

Секој од нас се труди да биде среќен, задоволен. Тоа е борбата за егзистенција. Но, ако ги разбереме овие три принципи, дека Бог е Севишен татко, Бог е Севишниот сопственик, Бог е Севишниот пријател, овие три работи, ако ги разбереш, тогаш веднаш стануваш мирен. Веднаш. Барате пријатели за да добиете помош, толку многу. Но, ако едноставно го прифатиме Бога, Кришна, како мој пријател, Севишен пријател, проблемот со вашето пријателство е решен. Слично на тоа, ако го прифатиме Бога како Севишниот сопственик, тогаш нашиот друг проблем е решен. Затоа што лажно тврдиме дека имаме сопственост на работи што му припаѓаат на Бога. Со лажно тврдење дека „Оваа земја, оваа земја Америка им припаѓа на Американците; Земјата Африка им припаѓа на Африканците.“ Не. Сите земји му припаѓа на Бога. Ние сме различни Божји синови во различни облеки. Имаме право да уживаме во имотот на таткото, Бога, без да ги повредуваме туѓите права. Исто како во семејството, живееме со многу браќа. Што и да ни дадат таткото и мајката да јадеме, ние јадеме. Ние не посегнуваме во чинијата на другите. Тоа не е цивилизирано семејство. Слично, ако станеме свесни за Бог, свесни за Кришна, тогаш сите проблеми на светот - социологија, религија, економски развој, политика - сè ќе се реши. Тоа е факт.

Затоа се обидуваме да го шириме ова движење за свесност за Кришна, за целосна добробит на човечкото општество. Бараме од интелигентните луѓе, особено од студентската заедница, да се приклучат на ова движење, да се обидат научно да разберат што е ова движење. Имаме многу книги, најмалку дваесетина книги, големи, големи, обемни. Можете да ги прочитате, можете да се обидете да го разберете ова движење и да ни се придружите.

Ви благодарам многу. Харе Кришна. (аплауз)