MK/Prabhupada 0348 - Ако Педесет Години Некој Едноставно Пее Харе Кришна, Харе Кришна, тој Сигурно ќе Стане Совршен



Lecture on BG 7.14 -- Hamburg, September 8, 1969

Англиско момче: Дали е можно некој да успее во овој живот? Овој? Дали е можно некој да падне?

Прабхупада: Можно е за една секунда, под услов да сте сериозни. Не е тешко. Кришна-бакти... Bahūnāṁ janmanām ante jñānavān māṁ prapadyate: (БГ 7.19) „По многу, многу раѓања, кога некој е интелигентен, мудар, целосно возрасен, мудар, тој ми се предава“, вели Кришна. Ако сум интелигентен, тогаш ќе го видам тоа „Ако тоа е целта на животот, дека по многу, многу раѓања човек треба да му се предаде на Кришна, зошто јас веднаш да не се предадам? Ова е интелигенција. Ако ова е факт, треба да се дојде до оваа точка, после стекнување знаења во многу, многу раѓања, тогаш зошто да не го прифатиш веднаш? Зошто да чекам многу, многу раѓања ако ова е факт?

Ова бара малку интелигенција. Не се бараат многу, многу раѓања. Потребна е мала интелигенција. Сфатете ја сериозно оваа свесност за Кришна; вашите проблеми се решени. Сега, ако не веруваш во тоа, тогаш дојди да дискутираш, дојди до филозофијата, дојди до причината. Продолжи да дискутираш. Има томови книги. Биди убеден. Можеш да научиш Секој одговор е таму во Бхагавад-гита. Може да се обидеш да го разбереш тоа со твои причини, со твои дискусии. Отворено е. (пауза) Исто како Арџуна. Арџуна го учеле Бхагавад-гита, колку време? Најмногу, во рок од половина час. Затоа што беше многу интелигентен. Оваа Бхагавад-гита, луѓето од светот ја читаат. Многу, многу учени научници, мудреци, тие читаат. Тие се обидуваат да разберат, давајќи различно толкување. Има илјадници изданија, коментари. Но, Арџуна беше интелигентен; го разбра за половина час.

Значи, потребна е релативна интелигенција. Сè, овој свет е релативен. Законот на релативноста. Тоа е научно. Теоријата на професорот Ајнштајн? Законот на релативноста? Тое е релативно. Човек може веднаш да стане свесен за Кришна во секунда, и човек не може да стане свесен за Кришна по многу, многу раѓања. Значи релативно е. Ако имате доволно интелигенција, можете веднаш да ја прифатите. Ако има помалку интелигенција, тогаш ќе треба време. Не можете да кажете дека „Тоа ќе биде можно после толку години“. Тоа не може да се каже. Тоа е релативно. Сè е релативно. За човечко суштество, од овде до овде, еден чекор; а за мал микроб е десет милји од овде до овде, десет милји за него. Значи се е релативно. Овој свет е релативен свет. Не постои таква формула дека „Човек може да биде свесен за Кришна после толку многу години“. Не. Не постои таква формула. Човек не може да стане свесен за Кришна дури ни по милиони раѓања, и човек може да стане свесен за Кришна за секунда. Но, од друга страна, во овој живот можеме да станеме совршени во свесноста за Кришна ако ја сфатиме сериозно. Посебно сите сте млади момчиња. Очекуваме да живеете барем уште педесет години. О, тоа е доволно време. Доволно. Повеќе од доволно. Повеќе од доволно. Ако педесет години некој пее едноставно Харе Кришна, Харе Кришна, тој сигурно ќе стане совршен. Нема сомнеж за тоа. Едноставно, ако ја пее оваа мантра, Харе Кришна, о, нема сомнеж за тоа.