MK/Prabhupada 0356 - Ние не работиме каприциозно. Ја земаме авторитативната верзија од Шастрите



Lecture at World Health Organization -- Geneva, June 6, 1974

Прабхупада: Работата е во тоа, што должноста на државата е да осигура, никој да не биде невработен. Тоа е добра влада. Никој не е невработен. Тоа е Ведскиот систем. Општеството било поделено, во четири сталежи: брахмани, кшатрии, ваишии, шудри... Должноста на владата и кралот била да се осигура, брахманата да ја работи својата должност, и кшатриите својата должност, ух, кшатрија, неговата должност е должноста на кшатријата. Слично на тоа, ваишијата,... Значи, должноста на Владата е да види зошто луѓето се невработени Тогаш, прашањето ќе биде решено. Гостин: Но, тие се луѓе, кои се исто така во владата. Прабхупада: Ех? Гостин: Тие се исто така...високо позиционирани луѓе, богати луѓе, земјопоседници, тие имаат големо влијание во владата. Прабхупада: Не. Тоа, тоа значи лоша влада. Гостин: Да. Тоа е, тоа е вистина. Прабхупада: Тоа е лоша влада. Должност на владата е да обезбеди, сите да се вработени. Гостин: Затоа јас, однапред се радувам на денот, кога Движењето за свесност за Кришна, може да постане, вистинско револуционерно движење, кое може да го промени изгледот на светот. Прабхупада: Да. Мислам, дека ќе донесе револуција, затоа што Американските и Европските млади момчиња, го земаа тоа во свои раце. Јас ги запознав со тоа. И се надевам дека Европските и Американски момчиња, тие се многу интелигентни и прифаќаат се, многу сериозно. Затоа... Сега ние работиме веќе неколку години, пет, шест години. Сеедно, ние го проширивме движењето, насекаде низ светот. Затоа, мојата молба е...Јас сум стар човек. Јас ќе умрам. Ако, го сфатат сериозно, ќе продолжи понатаму и ќе има револуција. Затоа, што ние не работиме каприциозно. Ние ја земаме авторитативната верзија од шастрите. И ние сме...Нашиот програм е да ние публикуваме најмалку, сто книги од оваа големина. Има толку многу информации. Тие можат да ги прочитаат сите овие книги и да ги земат овие информации. А сега, сме прифатени. Во Америка особено, високото општество, на факултетите и универзитетите. Тие сега ги читаа тие книги и ги ценат. Ние се обидуваме, најдобро што знаеме, претставувајќи ја литературата, со практична работа, упатства, што повеќе возможно. Но, јас мислам ако овие момчиња, млади момчиња, го сфатат сериозно ќе донесе револуција.