MK/Prabhupada 0358 - Во овој Живот ќе Направиме Решение. Нема Повеќе. Нема Повеќе да Доаѓаме



Lecture on BG 7.14 -- Hamburg, September 8, 1969

Сега, како ќе се сретнеме со смртта? Како мачки и кучиња? Тогаш, каква е користа од овој човечки облик на живот? Мачките и кучињата имаат тело. Тие, исто така, ќе се сретнат со смртта. И јас имам тело; И јас ќе се сретнам со смртта исто така. Дали сум наменет да се сретнам со смртта како мачките и кучињата? Тогаш каков човек сум јас? Не. Списите велат дека labdhvā su-durlabham idaṁ bahu-sambhavānte (ШБ 11.9.29). По многу, многу еволуции на различни видови тела... Ја разбирате еволутивната теорија. Тоа не е баш како теоријата на Дарвин, но овој еволутивен процес е таму. Тоа е признато во ведската литература. Од понизок степен на животински свет до повисок степен на животински свет. Оваа човечка форма на живот треба да се разбере. Оваа човечка форма на живот ја добивме после многу, многу пониски степени на живот. Labdhvā su-durlabham. И тоа е многу ретко. Вие броите, тие што се биолози, броите колку видови на живи суштества има таму. Постојат 8.400.000 видови на живот. Од тоа, човечки суштества има многу малку. Од 8.400.000, човечките видови на живот се 400.000; во споредба со другите животни, многу малку. Од тоа, има нецивилизирани луѓе, многу. Тие се речиси животни. Потоа, постои цивилизирана форма на човечки суштества, исто како што сме ние. Многу од нив не знаат ... Многумина не знаат што е духовен живот. Манушјанам. Тоа е наведено и во Бхагавад-гита: manuṣyāṇāṁ sahasreṣu (БГ 7.3). Од многу илјади човечки суштества, еден е заинтересиран да направи решение за проблемите. Не сите. Сите, ни тие не знаат што е проблемот. Ниту се грижат за тоа. Тие мислат: „Во ред, нека има проблем. Го имаме овој живот, да уживаме во сетилата“. Значи тие се речиси животни. Но, оние кои се љубопитни како да го решат проблемот, тие всушност се прифатени како луѓе. Други, тие не се ни луѓе. Тие се речиси животни.

Значи, ја имате оваа можност. Ова тело треба да се искористи правилно, како да се реши проблемот. Ако едноставно се предадеме во брановите на циклусот на раѓање и умирање, на различни типови на тела, тоа не е многу добра интелигенција. Воопшто не е интелигенција. Оваа човечка форма на живот треба да се искористи како да се најде решение за проблемот. Тоа е ведската цивилизација. Тие повеќе нагласуваат на решавање на проблемите, реалните проблеми. Материјалистичкиот начин на живот значи зголемување и создавање проблеми. Тоа не е совршена човечка цивилизација. Совршената човечка цивилизација е тоа што треба да седите многу мирно, тивко и филозофски да размислувате, "Како да се реши овој проблем? Каде да го добијам знаењето?" Ова е човечка форма. Целата ведска инструкција е таква. Сега ја користите оваа форма на живот за да направите решение за проблемот. Не умирајте, пред да дојде смртта, вие направете решение. Не умирајте како мачки и кучиња. Не. И оној што се обидува... Ведите велат, etad viditvā yaḥ prayāti sa brāhmaṇaḥ: „Оној што ќе умре откако се обиде да најде решение за проблемите, тој е брахмана“. А оној што умира како мачките и кучињата, тој се нарекува крипана. Крипана значи човек со многу мала интелигенција.

Затоа не треба да умираме како мачки и кучиња. Треба да умреме како брахмана. Дури ако во еден живот ова решение не е направено, тогаш ја добивате следната животна можност. Исто како и сите овие момчиња кои дојдоа кај нас, треба да се разбере дека тие се обиделе и во претходниот живот за изработка на решение за овој проблем, но тоа не било завршено. Има уште една можност. Овие работи се наведени во Бхагавад-гита. Па сега, овој живот, треба да бидете одлучни. Оние кои доаѓаат во допир со свесноста за Кришна и иницирани да извршуваат, тие треба да бидат многу решени дека „Во овој живот ќе направиме решение. Нема повеќе. Нема повеќе да доаѓаме“. Тоа треба да биде нашата определба. Значи, ова движење за свесноста за Кришна е за оваа цел, да направиме решение за сите животни проблеми и да се вратиме дома, назад кон Бога, каде што добиваме вечен, блажен живот на знаење. Ова е збирот и суштината на движењето за свесноста за Кришна.