MK/Prabhupada 0523 - Аватара значи оној кој доаѓа од повисокоите сфери, повисоки планети



Lecture on BG 7.1 -- Los Angeles, December 2, 1968

Мадхудвиша: Прабхупада, која е разликата помеѓу инкарнација и аватара ? Прабхупада: Аватарот е инкарнација. Avatāra значи инкарнација. Инкарнација, во вашиот речник е „прифаќање на некакво тело“? Дали е така...? Но, avatāra...Секако, има различни степени на avatāra... Avatāra значи оној кој доаѓа...Вистинскиот збор е „avataraṇa“, што значи, оној кој слегува. Avatāra значи оној кој доаѓа од повисоки сфери, повисоки планети. Тоа не се живи суштества од овој свет, овој материјален свет. Тие доаѓаат од духовниот свет. Тие се нарекуваат avatāra. И нивоата на avatāra се различни. Тие се śaktyāveśāvatāra, guṇāvatāra, līlāvatāra, yugāvatāra, толку многу. Значи, avatāra значи, оној кој доаѓа директно од духовниот свет. А инкарнација, секако, ова avatāra е преведено со зборот инкарнација, но јас мислам дека, вистинското значење на инкарнација е „оној кој прифаќа тело“. Зар не? И во инкарнацијата, сите прифаќаат материјално тело. Но, avatāra...Има аватари на Вишну и аватари на посветеници. Има различни нивоа на аватара. Ќе читате во Учењата на Господ Чаитанја, која излегува од печат.