MK/Prabhupada 0524 - Арџуна е Вечен пријател на Кришна. Тој не може да биде во илузија



Lecture on BG 7.1 -- Los Angeles, December 2, 1968

Прабхупада: Да. Џаја-гопала: Во Четвртото поглавје на Бхагавад Гита Каква што е, е речено дека Арџуна бил присутен, кога пред многу години, Бхагавад Гита е изговорена на Богот на Сонцето. Каква била неговата позиција тогаш? Прабхупада: Тој бил присутен, исто така, но тој заборавил. Џаја-гопала: Каква била неговата положба, ако не била изговорена на военото поле на Курукшетра? Каква положба? Прабхупада: Арџуна бил ставен, во таа положба, со врховната волја на Господ. Сем ако... Исто како и во една театарска представа. И таткото и синот, имаат некоја улога. Таткото ја игра улогата на кралот, а синот ја игра улогата, на другиот крал. И обајцата се непријателски, расположени. Но, всушност, тие само глумат. Слично, Арџуна е вечен пријател на Кришна. Тој не може да биде во илузија. Како може да биде во илузија, ако му е Кришна вечен пријател? Но, тој, за да изгледа така, требал да биде во илузија, со цел да ја игра улогата на условена душа и Кришна ја објаснил целата работа. Се однесувал, како обичен човек и значи сите поставени прашања биле како да ги поставил, обичен човек. Сем ако...Затоа што, учењето на Гита било изгубено. Тоа е објаснето. Затоа, Кришна сакал, повторно да го опише јога системот од Гита. Значи, некој мора да постави прашање. Исто, како што ти прашуваш, а јас давам одговори. Слично на тоа Арџуна, иако не требал да биде во илузија, се поставил себеси за претставник на условените души и се распрашувал, за толку многу работи, а одговорите биле дадени од Господ.