MK/Prabhupada 0634 - Кришна никогаш не е под влијание на илузорната енергија



Lecture on BG 2.28 -- London, August 30, 1973

Затоа, Вјасадева видел, apaśyat puruṣaṁ pūrṇam. Видел ... Исто како во авион, одите над облакот. Облакот воопшто не влијае на сонцето. Иако под авион ќе видите огромна маса на облак. Слично на тоа, маја не може да влијае на Кришна. Затоа, Бхагавад-гита вели daivī hy eṣā guṇamayī mama māyā. Мама маја (БГ 7.14), Кришна вели: "Моја илузорна енергија." Кришна никогаш не е под влијание на илузорната енергија. Точно како облакот. Но, Мајавади филозофите велат дека кога доаѓа, се појавува безличната апсолутна вистина, тие исто така ја прифаќаат инкарнацијата, но нивната филозофија е дека на крајот Апсолутната Вистина е безлична. Кога Тој се појавува како личност, Тој го прифаќа телото на маја. Ова е Мајавада. Кришна може да се прифати како Врховен Бог, но Тој прифати материјално тело. Тоа значи дека тие сакаат да го споредат Кришна со обичното живо суштество, а тоа е осудено во Бхагавад-гита. Се вели дека avajānanti mām mūḍhā mānuṣīм tanumāṣritam (БГ 9.11). Бидејќи Кришна доаѓа во Неговиот оригинален облик ... Оригиналниот облик е со две раце. Исто така, во Библијата е прифатено: „Човекот е создаден по Божјиот лик.“ Значи Бог има две раце. Дури и обликот на Вишну со четири раце не е оригиналниот облик.. Обликот на Вишну е секундарна манифестација на Санкаршана. Кришна никогаш не е под влијание на маја. Ова е факт.