MK/Prabhupada 0897 - Ако останете во свесноста за Кришна, тоа е за ваша добробит



730417 - Lecture SB 01.08.25 - Los Angeles

Исто како казна. Понекогаш во судовите важен човек е виновен. Да речеме, ако судијата сака 100.000 долари, тој може да плати веднаш. Но, тој бара од него: „Ти само да дадеш еден цент.“ Бидејќи тоа е исто така казна. Но, минимална. Слично, ние треба да страдаме поради нашите минати дела. Тоа е факт. Не можете да го избегнете. Karmāṇi nirdahati kintu ca bhakti-bhājām (БС 5.54). Но, оние што се во посветено служење, оние што се во свесноста за Кришна, нивните страдања се минимални. Исто како што еден требаше да биде убиен. Наместо да биде убиен, со неговиот нож се пресече малку на прстот. На овој начин, karmāṇi nirdahati kintu ca ... Оние кои се во посветено служење, тие се: ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo mokṣayiṣyāmi (БГ 18.66). Кришна уверува дека: „Јас ви давам заштита од последиците од грешниот живот.“ Кога има многу, многу тешки криминални активности зад неговиот ... Понекогаш е така. Наместо да го обесат, може да се пресече малку на прстот со нож. Ова е состојбата. Зошто треба да се плашиме од опасност? Треба едноставно да зависиме од свесноста за Кришна, затоа што ако живееме свесно за Кришна во сите околности, тогаш мојата добробит е што јас не доаѓам повторно во овој материјален свет. Apunar bhava-darśanam (ШБ 1.8.25). Повторувајќи, како што мислите за Кришна, како што го гледате Кришна, како што читате за Кришна, како што работите за Кришна, на овој или оној начин, ако останете во свесноста за Кришна, тоа е за ваша добробит. И таа добробит ќе ве спаси од повторното раѓање во материјалниот свет. Тоа е вистинската добробит. И ако сум малку задоволен од таканаречениот друг ангажман, и ако го заборавам Кришна, морам повторно да се родам,, тогаш што е мојата добробит? Ние треба да бидеме многу внимателни во врска со ова.