MK/Prabhupada 1029 - Нашата религија не вели Аскетизам. Нашата Религија подучува да го сакаме Господ



740625 - Arrival - Melbourne

Новинар: (пауза) ... специјален слуга Божји. Прабхупада: Јас секогаш сум слуга Божји, тоа е за вас да го препознаете, тоа е сè. Јас секогаш сум слуга Божји, но тоа е за вас да го препознаете. Новинар: Дали имате претстава колку пари сектата прави секоја година? Прабхупада: Ние можеме да ги потрошиме сите пари на светот. (Смеа) Посветеници: Харибол! Прабхупада: За жал, вие не ни давате пари. Посветеници: Харибол! (смеа) Новинар: Што ... како ги трошите, ваша Милост? Прабхупада: Во моментов трошиме барем осумстотини илјади долари месечно. Новинар: На што, Ваша Милост? Прабхупада: На пропаганда, низ целиот свет. И ние ги продаваме нашите книги, не помалку од четириесет илјади долари месечно. Новинар: Дали сакате да работите? Прабхупада: Да. Што е тоа? Мадхудвиша: Таа сака да знае дали сакаме да работиме. Прабхупада: Ние работиме, повеќе од вас - дваесет и четири часа, во староста јас патувам низ целиот свет. Посветеник: Харибол! Новинар: Но, дали не добивате многу пари од просењето? Прабхупада: Не, не. Најпрво, погледајте. Работа - не можете да работите повеќе од нас, бидејќи јас сум старец, седумдесет и девет години и секогаш патувам низ целиот свет, два пати, трипати годишно. Вие не можете да работите толку многу, барем. Посветеници: Харибол! Прабхупада. Мадхудвиша: Само уште едно прашање, ве молам. Да. Новинар: Ваша Милост, вашата религија е многу аскетска. Дали ќе живеете аскетски во Мелбурн? Ни беше речено дека ќе бидете земени во Ролс Ројс. Прабхупада: Нашата религија не вели аскетизам. Нашата религија подучува да го сакаме Бог. Можеш да го сакаш Бога во оваа облека. Нема штета. Новинар: Но, тоа е религија на самоодрекување, нели? Прабхупада: Тоа не е самоодрекување. Ние користиме сè, зошто самоодрекување? Ние едноставно го користиме она што е апсолутно неопходно, тоа е сè. Новинар: Но, како ги оправдувате работите како Ролс Ројс и многу скапа куќа за живеење? Прабхупада: Не, не сакаме Ролс Ројс, можеме да одиме. Но, ако понудите Ролс Ројс, немам приговор. Новинар: Зарем не е подобро да патувате во многу помал автомобил, помалку претенциозно? Прабхупада: Зошто? Ако ми дадете Ролс Ројс да патувам, зошто да го одбијам? Тоа е мојата наклоност кон вас, јас ја прифаќам. Новинар: Ваша Милост, би ни кажале накратко како ја основавте Харе Кришна во Америка. Прабхупада: Барем целиот свет сега пее Харе Кришна. Каде и да одите, тие пеат Харе Кришна.