MK/Prabhupada 1073 - Сеуште Не се Откажуваме од Нагонот за Владеење со Материјалната Природа



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Во 15-тото Поглавје на Бхагавад Гита, вистинската слика за материјалниот свет е дадена. Речено е „ūrdhva-mūlam adhaḥ-śākham aśvatthaṁ prāhur avyayam, chandāṁsi yasya parṇāni yas taṁ veda sa veda-vit“(БГ 15.1), ( Блажениот Бог рече: „Постои банјаново дрво, чии корени се свртени нагоре, а чии листови се Ведски химни...Личноста која го познава ова дрво е воедно и познавач на Ведите“ ). Овој материјален свет е опишан во 15-тото Поглавје на Бхагавад Гита, како дрво чии корени се нагоре, урдхва - мулам. Дали сте имале искуство со било кое дрво, чии корени се нагоре? Го имаме тоа искуство на дрво, чии корени се нагоре, по пат на рефлексија. Ако стоиме на крајбрежјето на една река или резервоар за вода, ние можеме да видиме дека дрвото се отсликува во резервоарот за вода, на тој начин што неговите гранки се надоле, а неговиот корен е нагоре. Следствено на тоа, материјалниот свет е рефлексија на духовниот свет. Исто како што дрвото се рефлектира на крабрежјето на една река или резервоар за вода, обратно, слично, овој материјален свет е наречен сенка. Сенка. Како што во сенката, не може да има реалност, во исто време, од сенката може да разбереме дека постои реалност. Примерот на сенката во пустината, сенката на водата во пустината, укажува на тоа дека во пустината нема вода, но всушност има вода. Слично на тоа, во овој материјален свет, кој е бледа рефлексија на духовниот свет, несомнено нема среќа и нема вода. Вистинската вода или вистинската среќе постојат во духовниот свет. Господ сугерира дека, една личност може да го достигне духовниот свет, на следен начин, Nirmāna-mohā. „Nirmāna-mohā jita-saṅga-doṣā adhyātma-nityā vinivṛtta-kāmāḥ“(БГ 15.5), ( „Личноста која е ослободена од илузија, лажен престиж, лажно друштво и која ја разбира вечноста...“). „Dvandvair vimuktāḥ sukha-duḥkha-saṁjñair gacchanty amūḍhāḥ padam avyayaṁ tat“(БГ 15.5), ( „Која завршила со страста и која е ослободена од дуалноста на среќата и несреќата, која знае како да му се предаде на Господ, таа личност го достигнува Моето вечно царство...“). Тоа „padam avyayaṁ“, тоа вечно царство, може да се достигне само од оној кој е „Nirmāna-mohā“ ослободен од илузија. Nirmāna-mohā. Nirmāna значи дека ние трагаме за обележјата на припадност некому и на нешто. Ние, тие обележја ги посакуваме вештачки. Некој сака да постане сер, некој сака да постане господар, некој сака да постане претседател, некој би сакал да постане богат човек, а некој сака да постане нешто друго, како на пример, крал. Сите овие поистоветувања/наименувања, толку долго сме врзани за овие наименувања... Сите овие наименувања, припаѓаат на телото, а ние не сме ова тело. Ова е првиот концепт на духовната реализација. Душата всушност нема потреба од поистоветување/наименување. Jita-saṅga-doṣā, saṅga-doṣā. Тоа значи дека моментално се дружиме со трите модуси на материјален квалитет и сме се оддалечиле од посветеното служење на Бог...Досега, ние не сме биле привлечени од посветеното служење на Бог, што е причина, што не можеме да се ослободиме од трите режима на материјалната природа ( доброст, страст и незнаење ). Затоа Бог вели „vinivṛtta-kāmāḥ“, сите овие наименувања и приврзаности се поради нашата страст и желба. Сакаме да господариме над материјалната природа. Значи, се додека не се откажеме од таа наша склоност да господариме над материјалната природа, се дотогаш, нема можност, да се вратиме назад во кралството на Севишниот, санатана - дхама. „Dvandvair vimuktāḥ sukha-duḥkha-saṁjñair gacchanty amūḍhāḥ, amūḍhāḥ padam avyayaṁ tat“(БГ 15.5), („Која завршила со страста и која е ослободена од дуалноста на среќата и несреќата, која знае како да му се предаде на Господ, таа личност го достигнува Моето вечно царство...“). Вечното царство, кое е неуништиво како материјалниот свет, може да се достигне со amūḍhāḥ. „Amūḍhāḥ“ значи оној кој не е збунет, оној кој не е збунет и привлечен од лажното материјално уживање. Оној кој е втемелен во врховна служба на Господ, тој е вистинската личност да го достигне вечното кралство. И на тоа вечно кралство не му е потребно сонце, месечина или било каков електрицитет. Ова е всушност навестување за начинот, како да се достигне вечното кралство.